АБА лигата се прошири во Романија и Австрија, Морнар и Цибона дефинитивно испаднаа

Собранието на АБА денеска донесе одлука, елитната конкуренција во регионалното натпреварување во новата сезона да брои 18, место досегашните 16 екипи.

Пред неколку месеци беше изгласано лигата да може да биде проширена на 20, но отпадна можноста да влезе Хапоел Тел Авив и евентуално уште еден клуб. Така нови членови на ова друштво се австриската Виена и романскиот Клуж, а Морнар и Цибона дефинитивно не добија доверба да останат во елитата. Нивната судбина во моментов е непозната бидејќи тие не се пријавени ни за учество во АБА 2. Нови членови на АБа лигата се Босна и Илирија кои изборија пласман преку второлигашката конкуренција.

Во исто време, извршена е ждрепката по новиот систем кој ќе биде промовиран претстојната сезона. Екипите ќе бидат поделени во две групи од по девет члена и сите ќе играат по 16 натпревари во првата фаза. 

Во групата А најзвучни имиња се Партизан и Дубаи, како и еден од дебитантите Клуж, додека Звезда, Будуќност, Олимпија и Виена се дел од групата Б.