За глумење на фаул во НБА ќе се суди – неспортска лична грешка

Најсилната кошаркарска лига НБА реши да стави крај на „глумците“ кои со симулација сакаат да изнуват прекршок во напад од противниците, па за новата сезона предвидена е сериозна казна за секој глумец.

„Флопинг“ или намерно паѓање на играч, симулација на прекршок после ситен или никаков контакт со кој играчот сака да го измами судијата отсега ќе се санкционира со намерна лична грешка и тренерите ќе немаат право на челинџ за да ја оспорат судиската одлука.

Овој намерен прекршок сепак нема да има импликации врз евентуално исклучување, ако се повторни неколкупати, зашто нема да се третира како техничка греша, а за исклучување од меч се суди после две технички грешки.

Инаку донесена е одлука и ако судиите не видат некој „флоп“, дисциплинската комисија сепак ќе има право и после меч да ги казни глумците, во случајот парично со по 2.000 долари за секое симулирање.

Најмногу на удар за симулации во последно време беше Џејмс Харден, но доста критики имаше и за Џоел Ембид, Маркус Смарт, Патрик Беверли, Крис Пол, Леброн Џејмс...