Втор брејк на Индијана, најдобриот тим на Истокот пред колапс (ВИДЕО) 

Екипата на Индијана Пејсерс води со 2-0 во полуфиналето на Источната конференција против Кливленд.

Тимот од Индијанаполис и вторпат славеше на гости кај најдобрата екипа на Истокот, сега со 120-119 и има огромна предност пред преселбата на серијата на негов терен. Херој на Пејсерс беше Тајрис Халибартон кој имаше свое шоу во последните моменти од натпреварот.

 На 12 секунди пред крајот, тој погоди само едно од двете слободни фрлања, второто го промаши, но со офанзивен скок ја прифати одбиената топка, се врати назад и погоди тројка на нешто повеќе од секунда пред истекот на времето. Тоа беше кулминација на неверојатниот натпревар во кој, како и во првиот меч, Кливленд имаше предност од 20 разлика на стартот од втората четвртина, а водеше со 119-112 на 48 секунди пред крајот.

На Кливкенд не му беа доволни 48 поени на Донован Мичел кој додаде уште 9 асистенции и 5 скока. Несмит беше најдобар кај Индијана со 23 поени, а херојот Халибартон немаше особено ефикасен меч бидејќи постигна 19 поени со 9 скока. Ако ги искористи двата натпревара на домашен терен, Индијана има шанса повторно да се пласира во финалето на Истокот, како и минатата сезона.

Во вториот меч од ноќешната програма, Голден Стејт направи брејк кај Минесота, совладувајќи ја со 99-88 и поведе со 1-0 во серијата.

фото: EPA PHOTO