(ВИДЕО) Мареј ја презеде лидерската улога, Денвер на чекор од полуфиналето на Западот
По двете минимални победи, Денвер сега го одигра најдобриот натпревар и буквално го растури противникот кој беше благ фаворит пред почетокот на серијата. Нагетс одлично го отворија натпреварот и водеа со 12 поени разлика по првата четвртина. Клиперс до полувреме се доближија до -8, но домаќинот одлично шутираше од дистанца и во второто полувреме направи и 24 поени предност. Клиперс се обидоа да дојдат до пресврт, се доближи на девет негатива, но Гордон со двојка и Мареј со тројка ставија точка на сите дилеми.
Канадскиот кошаркар Џамал Мареј го одигра најдобриот натпревар во овој плејоф, постигнувајќи 43 поени (8/14 за тројка), плус 7 асистенции и 5 скока. Јокиќ немаше своја реализаторска вечер, погоди само 4/13 од игра, но оствари трипл дабл со 13 поени, 12 асистенции и 10 скока. Зубац со 27 поени беше најефикасен во тимот на Лос Анџелес Клиперс.
Денвер со овој триумф си обезбеди во најлош случај „,мајсторка“ на домашен терен иако е јасно дека ќе се обиде и во шестиот натпревар да ја заврши серијата. Оклахома веќе го чека во втората рунда бидејќи во само четири натпревари го елиминира Мемфис.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана - Милвоки 119-118 (4-1)
Њујорк - Детроит 103-106 (3-2)
Бостон - Орландо 120-89 (4-1)
Денвер - ЛА Клиперс 131-115 (3-2)