Вембањама го победи Лејкерс среде ЛА, па му исполни желба на противничкиот тренер (ВИДЕО)

Сан Антонио со убедливи 126-102 славеше над Лос Анџелес Лејкес благодарение на неверојатната последна четвртина која ја добија со дури 24 поени разлика.

Натпреварот во три четвртини беше изедначен, па никој не го очекуваше тоа што се случи во последниот период, Сан Антониот тие 12 минути ги доби со фантастични 37-13 за на крајот да слави убедлива победа од 126-102.

Најдобри во составот на Сан Антонио беа Вембањама, Весел и Касл, сите тројца постигнаа по 23 поени, најефикасен на мечот беше Ентони Дејвис со 30 поени, Леброн постигна 18.

Иако го загуби мечот, тренерот на Лејкерс, Џеј Џеј Редик по мечот побара услуга од Вембањама, го замоли заедно со Крис Пол да се поздрави со неговите деца. Ѕвездата на Сан Антонио им подари и дрес и се потпиша на него.

Резултати: 
Вашингтон - Минесота 106-120
Њујорк - Детроит 119-124
Торонто - Голден стејт 104-101
Хјустон - Мемфис 120-118
ЛА Клиперс - Мајами 109-98
ЛА Лејкерс - Сан Антонио 102-126