Торонто запиша нов триумф, Ибака го реши Лејкерс!

Ноќеска беа одиграни неколку натпревари во НБА-лигата, а до нови победи стигнаа Торонто против Лос Анџелес Лејкерс со 121-107, додека Портланд ја победи Минесота со 111-81.

Торонто уште во првата четвртина најави дека во „Стејплс центарот“ ќе биде непријатна атмосфера за навивачите на Лејкерс.

По повеќе од шест минути игра беше 25-8, а четвртината заврши со 45-17. Иако Лејкерс ги добија наредните три четвртини, сепак во ниту еден момент не го загрозија водството на Торонто.

Серж Ибака беше феноменален во редовите на Торонто со 34 постигнати поени, а Кајл Лаури постигна 21 поен и 15 асистенции. Кајл Кузма кај Лејкерс постигна 24 поени, а Леброн Џејмс го заврши дуелот со 18.

Останати резултати:

Бруклин – Филаделфија 122-97
Вашингтон – Њујорк 108-95
Сан Антонио – Орландо 110-117
Феникс – Мемфис 102-100
Милвоки – Сакраменто 144-109