Стеф Кари постигна циркуска тројка - со лева рака, без гледање и со прекршок (ВИДЕО)

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА, Стеф Кари, кој игра во неверојатна шутерска форма со 44 постигнати тројки во последните пет меча, на синоќешната пресметка со Бостон селтикс постигна проектил за – паметење.

Во финишот на вториот период, тој ја имаше топката зад линијата за три поени пред клупата на Голден стејт вориорс, при што забележа дека Грент Вилијамс скока да го блокира. Кари иницира контакт за прекршок, но во исто време упати циркуски шут со послабата лева река дури и без да го гледа кошот.

Без разлика на сите проблеми, тој погоди „без коска“ и притоа доби дополнително слободно фрлања.