„Реал може рамноправно да се носи со НБА тимовите“

Легендарниот шпански репрезентативец, Руди Фернандез, смета дека Реал Мадрид без проблеми би можел да игра рамноправно во НБА-лигата.

Фернандез ги брани боите на Реал во последните осум години, но помина четири сезони во најсилната кошаркарска лига на светот (три во Портланд, една во Денвер).

Реал Мадрид може да игра во НБА лигата без никакви проблеми. Ние ја победивме Оклахома во пријателски меч, знам дека тоа нема никаква врска со конкурентниот натпревар, но ние сме одличен тим, изјави Фернандез во интервју за шпанската телевизија „ДАЗН“.

Веќе со години тра дебатата американската и европската кошарка, но се вели дека НБА лигата е најсилната во светот. Она што најмногу се смени е статусот на европските играчи во НБА, бидејќи сè повеќе Европејци во последните години играа сè поважни улоги во тимовите во НБА.