
Потрес во најава во НБА: Леброн си оди од Лејкерс и се сели кај Јокиќ!?
Тоа, сепак, не значи дека тој со сигурност ќе остане во Лос Анџелес за што зборуваше неговиот агент Рич Пол, предизвикувајќи потрес во НБА лигата. Според него, Леброн иако во петтата деценија од животот, подготвен е да се бори за нова шампионска титула.
„Леброн е подготвен да се бори за трофеј, зане дека Лејкерс прават тим за иднината и го разбира тоа, но сака уште една титула во својата колекција. Во моментов тој ги разгледува сите опции, во насока на тоа да каде би ја завршил кариерата на најдобар можен начин“, изјави Пол.
Засега постојат повеќе опции за продолжувањето на кариерата на Леброн. Една од нив е да се пресели во Денвер каде со Јокиќ и Мареј би направил супер-трио, секако способно да ја освои титулата претстојната сезона. Сепак, многу пореални се другите варијанти. Пред се, по трет пат во кариерата да заигра за Кливленд со кого освои титула во 2016 година, со оглед на тоа што Кавс последната сезона имаа најдобар ефект во Источната конференција. Можно е да побара трејд во Голден Стејт каде би заиграл со Стеф Кари или да замине во Њујорк кој исто така има добар тим, а и голем пазар.