Челси ќе добие засилување среде СКП кое ќе може веднаш да почне да игра!

Челси ќе биде посилен на Светското клупско првенство во САД за Жоао Педро, напаѓачот во следните 48 часа ќе го комплетира трансферот вреден околу 60 милиони фунти и веднаш ќе му се стави на располагање на Енцо Мареска.

Челси изминатиов викенд заврши голема работа на трансфер пазарот, ги договори Џејми Гитенс од Борусија Дортмунд и Жоао Педро од Брајтон.

Бразилецот ќе биде засилување за „сините“ уште на Светското клупско првенство, тој во следните 48 часа ќе го комплетира трансферот вреден околу 60 милиони фунти со се бонуси и веднаш ќе му се стави на располагање на Енцо Мареска во САД.

Правилата дозволуваат да бидат вметнати нови играчи од 27. јуни до 3. јули, па Челси ќе може да смета на Жоао Педро веќе против Палмеирас во петок.

Џејми Гитенс веќе играше на СПК во дресот на Борусија Дортмунд, па тој нема да може да им помогне на „сините“ во четвртфиналето, и евентуалното полуфинале и финале.

ФОТО: X/Chelsea FC