Денеска почнува 148. издание на Вимблдон – првпат во историјата ќе нема судии!

Третиот гренслем-турнир сезонава, Вимблдон, започнува денеска на терените на „Ол Ингланд Клубот“, а за првпат во 148-годишната историја, натпреварите ќе се играат без линиски судии.

Организаторите решија да се приклучат на современите трендови и го заменија човечкиот фактор со напреден електронски систем за судење (ЕЛЦ), кој функционира со помош на 450 поставени камери на терените. Иако ваквата промена наиде на отпор кај дел од тениската јавност, целта е да се минимизираат контроверзиите и расправиите при спорни топки – момент што досега знаеше да предизвика и забава, но и несогласувања.

Шампионската титула кај мажите ја брани Карлос Алкараз, кој денеска од 14.30 часот ќе настапи на Централниот терен против Италијанецот Фабио Фоњини.Кај дамите, пак, актуелна шампионка е Барбора Крејчикова, но нејзиниот прв меч е закажан за утре. Наградниот фонд годинава изнесува 53,5 милиони фунти.

ФОТО: EPA PHOTO