
„Ѓоковиќ е само еден стар човек – сигурен сум дека би можел да го победам!“
Тој во моментов се наоѓа на 41. место на АТП листата и има една титула во кариерата, а досега само еднаш се соочил со Србинот – на „Ју-Ес опен“ во 2023 година, каде што српскиот тенисер славеше убедливо.
„Ова ќе ми биде трет настап на Централниот терен. Не можам да кажам дека ми е како дома, но имам некое искуство. И Ѓоковиќ е човек како сите нас. Сметам дека секогаш постои некаква шанса. Искрено се надевам дека годините полека ќе почнат да влијаат на неговата физичка подготвеност“, изјави Муле
Ѓоковиќ е седумкратен шампион на Вимблдон, а во последните шест настапи секојпат стигна до финалето. Французинот, свесен за тешката задача, вели дека ќе даде сè од себе.
„Тој е најголемиот тенисер во историјата и неговите резултати на Вимблдон се импресивни. Но, ќе се борам – ќе видиме како ќе заврши“, дополни Муле.
Третиот гренслем-турнир во годината почнува денеска, а ќе се игра за награден фонд од дури 53,5 милиони фунти.