Новицки вечерва ќе урне рекорд на Брајант и ќе испише историја!

Најдобриот европски кошаркар, Дирк Новицки, вечерва би требало да го одигра првиот НБА-натпревар сезонава за Далас маверикс против Феникс Санс.

Новицки на тој начин ќе урне рекорд на Коби Брајан и ќе стане кошаркар со најмногу сезони во една франшиза. Брајан и Новицки се единствените кошаркари во историјата, кои барем 20 сезони играле за еден клуб.

Новицки летоска направи операција на левиот зглоб, а рехабилитацијата траеше подолго од очекуваното. Сепак, 40-годишниот Германец успешно ќе се врати на паркетот.

„Ритамот ќе биде тежок. Последниот НБА-меч го одиграв на крајот на март. Никој не може да земе пауза од седум-осум месеци, да се врати и да одигра одлично. Ќе ми треба одредено време за да се прилагодам. Посебно поради брзината во денешната кошарка. Најверојатно ќе ми требаат неколку натпревари, но ќе видиме како ќе оди. Повеќе нема да играм 30 минути по натпревар“, вели легендарниот Новицки.