Никогаш побрз трипл-дабл: Дончиќ уште еднаш одигра како да не е оваа планета (ВИДЕО)

Фантастичните партии на Лука Дончиќ во новата НБА-сезона се редат како на фабричка лента, а со синоќешната магична претстава во лесната победа на Далас маверикс против Голден стејт вориорс (142-94) сруши уште еден од низата рекорди.

Словенецот средбата ја заврши со 35 поени, 11 асистенции и 10 скока, учинок остварен за само нешто повеќе од 25 минути, со што стана прв играч со најмалку време поминато на паркетот кој дошол до трипл-дабл со 30 и повеќе поени. Чудото од дете како да танцуваше на теренот, а немаше буквално ништо што не можеше да направи.

„Нема што повеќе да кажам за Лука, неговата магија веќе и не е некоја вест. Тој е посебен кошаркар со посебна улога и способности“, вели тренерот на „телињата“, Рик Карлајл.

За Далас ова беше деветти триумф во 14. меч сезонава.