Расизмот направи хаос во САД: Неколку НБА-ѕвезди не сакаат да ја доиграат сезоната

Поранешниот НБА играч, Мет Барнс, откри дека некои кошаркарски ѕвезди не сакаат да ја завршат сезоната поради тешкото опкружување поврзано со расизмот во САД

Претходно, бран протести и немири се случија низ градовите на САД по смртта на Џорџ Флојд предизвикана од полицаец во Минеаполис. И покрај тоа што Флијд се обидел да им објасни на полицајците дека не може да диши и воедно се предал, сепак тие продолжиле со бруталното апсење кое на крајот беше кобно по Афроамериканецот.

Тековната НБА сезона беше прекината во март поради пандемијата на коронавирус. На 4 јуни, лигата објави дека управниот совет одобрил формат за продолжување на турнирот со 22 екипи за да одиграат по осум натпревари.