
Некогашниот најдобар дефанзивец во НБА ги засили Лејкерс
Искусниот плејмејкер потпиша двогодишен договор за вкупно 11 милиони евра и се очекува да биде важен дел на тимот од Калифорнија. Минатата сезона имаше проблеми со повреди поради што не го покажа целиот свој потенцијал и не можеше да го најде препознатливиот ритам, но се очекува да се врати во форма во новиот тим.
Смарт е во НБА веќе 11 години, а најголемото индивидуално достигнување му е наградата за најдобар дефанзивец во НБА, освоена во 2022 година. Првите девет години во кариерата ги помина во Бостон Селтикс, во 2023 беше трејдуван во Мемфис, а минатата сезона ја добрши во Вашингтон.
Пред Смарт, Лејкерс се засилија со поранешниот прв пик на драфтот Диандре Ејтон кој го раскина договорот со Портланд.