Не е наивна повредата: Јокиќ неизвесен и за дуелот со Мемфис

Најдобриот играч на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ многу веројатно ќе го пропушти и дуелот со Мемфис, тврдат американските медиуми.

Тој има болки во долниот дел од грбот и воспаление на левиот колк поради што не играше против Портланд пред два дена. Тогаш шампионот славеше со 114-111 и таа победа, во комбинација со синоќешниот пораз на Оклахома го однесе на првото место на табелата во Западната конференција.

Дополнителен проблем е повредата на Џамал Мареј кој има дисторзија на скочниот зглоб и исто така не играше на претходниот натпревар. Ппвредите на двете ѕвезди доаѓаат во исклучително лош момент, кога Денвер води жестока битка со Оклахома и Минесота за првото место по основниот дел од сезоната.