НБА-лигата продолжува со големо дерби - Лејкерс против Клиперс

НБА-лигата го претстави протоколот за продолжување на сезоната во „Дизниленд“, Флорида и веднаш го објави распоредот на натпревари на 22 тима учесници.

Како и што се очекуваше, сезоната ќе започне на 30 јули со големо дерби, кое сите предвидуваат дека ќе биде финале на Западната конференција, а тоа е дуелот помеѓу градските ривали Лос Анџелес лејкерс и Лос Анџелес клиперс.

Всушност прв натпревар овој ден ќе биде дуелот помеѓу Јута и Њу Орлеанс, а дербито на Лос Анџелес ќе се игра во вечерниот термин.Следниот ден ќе се играат исто така два интересни натпревари. Бостон се среќава со Милвоки, а се игра и тексашкото дерби помеѓу Далас и Хјустон.

Целосниот распоред на натпреварите што ќе се играат во „Дизниленд“ можете да го видите ТУКА.