Сега се е познато: НБА-лигата го претстави конечниот план за рестарт на сезоната

Челниците на НБА-лигата донесоа договор во кој се вели дека сезоната ќе продолжи на 30 јули на Флорида, во „Дизни Светот“ во Орландо, а мечевите ќе се играат во три сали, без публика.

Во продолжението од НБА-лигата, ќе учествуваат 22 екипи - 13 од Западот и 9 од Истокот.

НБА-лигата доби дозвола од Владата на САД да ја продолжат сезоната, а правилата и мерките се ригорозни. Најсилната кошаркарска лига во светот ќе се справи и со ситуацијата околу расната рамноправност, па многу внимание ќе се посвети на движењето „Црните животи се важни“.

Што се однесува до вирусот Ковид-19, играчите, персоналот и сите тренери, челниците на тимот и сите други редовно ќе бидат тестирани за коронавирус.

Долго време работевме заедно со Здружението на играчи на планот и програмата за рестартирање на сезоната и ја ставаме безбедноста и здравјето на играчите во преден план. Му благодариме на нашиот домаќин Дизни, кој понуди да ни биде домаќин и ни помогна да ја продолжиме сезоната. Благодарност и сите до медицински работници и експерти за заразни болести, кои ни помогнаа со сите медицински протоколи и работите на кои треба да се придржуваме, истакна Адам Силвер.

Првите седум екипи на Исток и Запад ќе играат во плејофот, додека преостанатите екипи ќе се борат за осмото, последно место кое води во плејофот.

На Исток тоа ќе бидат Орландо, Вашингтон и Бруклин, додека на Запад се борат за две места Мемфис, Њу Орлеанс, Сакраменто, Портланд и Сан Антонио.

Сезоната ќе заврши до 13 октомври, се вели во соопштението на НБА-лигата.