НБА инсајдер ги откри деталите како Далас му забил „нож во грб“ на Лука Дончиќ!
Оваа размена, која ги изненади и играчите и навивачите, наводно била иницирана поради загриженоста на Далас околу физичката подготвеност на Дончиќ и неговиот претстоен супер-макс договор. Новинарот на ЕСПН, Шемс Чаранија, откри детали за договорот, потенцирајќи дека трејдот бил договорен во апсолутна тајност.
„Овој договор се случи без никакви претходни најави. Ова е веројатно најшокантниот трејд во поновата НБА историја. Ниту Лука Дончиќ, ниту Ентони Дејвис, ниту Леброн Џејмс, ниту тренерите или останатите играчи немаа никакви информации за ова. Со сигурност можам да кажам дека Леброн Џејмс не знаеше дека ова ќе се случи, исто како и Дејвис и Дончиќ, кој сè уште е во шок“, изјави Чаранија.
Тој истакна дека Маверикс биле тие што први го иницирале контактот со Лејкерс, понудувајќи го Дончиќ во размена.
„Маверикс ја донесоа оваа одлука многу брзо. Тие знаеја кого сакаат – Ентони Дејвис. Тој беше единствениот играч за кого беа подготвени да размислуваат за размена на Дончиќ. Лејкерс, пак, мораа итно да одржат состаноци, бидејќи претходно никогаш не планираа да го трејдуваат Дејвис. Но, кога ќе добиете понуда за Лука Дончиќ, морате да размислите“, додаде тој.
Што се однесува до мотивите на двата тима, Чаранија објаснува дека трејдот има своја логика.
„Дончиќ има 25 години и може да биде лице на франшизата во следната деценија. Од друга страна, Маверикс добиваат 31-годишен играч во својот врв, кој сака да освои титула веднаш. Дејвис ќе игра заедно со Кајри Ирвинг, со кого е блиски пријатели, а тренерот Џејсон Кид веќе го водеше во шампионските Лејкерс во 2020 година“, заклучи Чаранија.
Овој трејд, кој се случи неочекувано, значително ќе ги промени двете екипи и ќе има огромно влијание врз тековната сезона во НБА.