Имавов приреди сензација во Ријад и го нокаутираше Адесања (ВИДЕО)

Израел Адесања за првпат од 2019 година беше во борба во која не е вклучен УФЦ појас и се бореше против Дагестанецот кој се натпреварува под француско знаме, Насрудин Имавов.

Адесња беше повеќе погоден во воведната фаза од мечот, а на 70-тина секунди пред крајот Имавов успеа да го изненади Адесања така што одлично го погоди со десен аперкат.

Повеќе удари во првата рунда пласираше Адесања, но најважниот удар го погоди Имамов. Многу брзо во втората рунда следуваше шок бидејќи Адесања ги испружи двете раце и остана отворен, а Имавов не го пропушти.

Со десно кроше го погоди поранешниот шампион и го испрати во ноктадион, а по неколку силни удари судијата одлучи да ја прекине борбата.