Српско дерби во НБА: Јокиќ сам обезбеди победа за Денвер, стравична поведа на Мициќ (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше херој за Денвер Нагетс, водејќи го тимот до победа против Шарлот хорнетс (107-104), во дуел во кој неговиот сонародник од спротивниот табор, Василије Мициќ, предвреме ја напушти играта поради повреда.

Центарот оствари нов трипл-дабл (22. сезонава) и тоа со 28 поени, 17 асистенции и 13 скокови, а беше и клучен фактор во драматичниот финиш постигнувајќи важни поени во последната минута. Со офанзивен скок и прецизни слободни фрлања на 41 секунда пред крајот, го донесе својот тим на 103-104, потоа, по изгубената топка на домашните, ги погоди двете слободни за пресврт, а во завршната акција асистираше на Џамал Мареј за конечните 107-104.

Од друга страна, Мициќ немаше среќа во натпреварот. Како организатор на играта за Шарлот во отсуство на Ламело Бол, српскиот плејмејкер се повреди откако го свитка левиот зглоб и со болна гримаса мораше да го напушти теренот. Во неговиот 15-минутен настап, не постигна поени (0/5 од игра), но додаде три скока и две асистенции.

Во редовите на победничкиот тим, покрај Јокиќ, се истакна и Кристијан Браун со 24 поени, додека Мареј уфрли 20. Кај Шарлот, најпрецизен беше Мајлс Бриџис со 24 поени, а Марк Вилијамс додаде 20. За Денвер ова беше втора последователна победа, по триумфот над Филаделфија, со што ја завршија турнејата на Исток со биланс од две победи и три порази.

РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Денвер 104-107, Хјустон – Бруклин 98-110, Минесота – Вашингтон 103-105, Оклахома – Сакраменто 144-110, Њујорк – ЛА Лејкерс 112-128, Сан Антонио – Мајами 103-105, Портланд – Феникс 127-108.