Вардар ремизираше во претпоследниот натпревар од подготовките во Анталија
Противник на „црвено-црните“ беше романскиот третолигаш Алба Јулија со кој Вардар одигра нерешено 1-1. Гоце Седлоски им даде шанса на фудбалерите од резервниот состав, а стрелец на единствениот гол беше Мануел Куестас.
До враќањето во Скопје, Вардар ќе одигра уште еден натпревар и тоа против Рапид, на 5 февруари.