Најискусниот дански ракометар: Ќе ја уништиме Хрватска!

Финалето на Светското првенство (СП) се игра меѓу Хрватска и Данска, а истото го најави Хенрик Молгард кој верува во победа на неговата селекција.

Најискусниот ракометар на Данска верува дека ќе ја „уништат“ Хрватска и ќе го освојат златниот медал.

„Мислам дека ќе ги уништиме. Хрватска доаѓа со голема самодоверба и физичка подготовеност, но мислам дека нашата брзина ќе ги уништи. Верувам дека ќе бидеме одлични на теренот“, кажа Молгард.