Данските навивачи сигурни: Ќе победиме со 15 разлика
Финалето се игра во Осло и се очекува инвазија од дански навивачи на трибините, а тие уште сега се сигурни дека ќе дојдат до златото. Толку сигурни што најавуваат победа со двоцифрена разлика.
„Ќе ја уништиме Хрватска, толку сме добри. Не гледам шанси дека противникот може да не изненади, ќе ги разбиеме, ќе ги победиме со 15 разлика. Апсолутно е неверојатно тоа што можеме да бидеме светски прваци четврти пат во низа“, вели еден од навивачите.
Хрватска и Данска досега се сретнале 30 пати низ историјата и скандинавците водат со 21-9.