Начевски и Николов ќе го судат натпреварот за трето место на Светското првенство
Двајцата ќе го водат мечот за третото место во кој денеска од 15 часот ќе се сретнат репрезентациите на Франција и Португалија. Тоа ќе биде нивен шести натпревар на Светското првенство, а интересно е тоа што досега по еднаш им судеа на двете репрезентација при што и Франција и Португалија под нивно водство остварија победи. На Португалците им судеа во главната фаза против Шпанија кога славеа со 35-29, а на Французите во четвртфиналето против Египет кога триумфираа со 34-33.
Големото финале се игра денеска од 18 часот, а за златниот медал ќе се борат репрезентациите на Данска и Хрватска.