Дончиќ нема долго да игра со Леброн – веднаш ќе го „избрка“ во Оукленд!
Оваа размена го потресе не само НБА, туку и целиот спортски свет, а веднаш по неа започнаа шпекулации дека легендарниот кошаркар би можел да ја продолжи кариерата во Голден Стејт Вориорс. Гласините за потенцијално преселување на Џејмс меѓу „воините“ кружат цела мината недела, но малкумина ги сфаќаа сериозно. Сепак, размената на Дончиќ покажа дека во НБА се можни и најнеочекуваните сценарија, особено ако се земе предвид дека словенечкиот ас се сметаше за еден од најпосакуваните млади играчи, веднаш зад Виктор Вембањама.
Дополнително изненадување е фактот што преговорите меѓу Лејкерс и Маверикс се воделе во потполна тајност, а Џејмс воопшто не бил информиран за нив. Тој одамна изразува желба да игра со Стеф Кари, а блискиот однос со Дрејмонд Грин дополнително ги засилува шпекулациите дека не би имал ништо против преселба во Вориорс. Иако трансферот не е официјално потврден, важен фактор е тоа што Џејмс има клаузула во договорот што му овозможува да блокира секоја размена што не му одговара.
Сето ова го отвора прашањето – дали НБА ќе биде сведок на уште еден сензационален потег во кариерата на „Кралот“?