Дефанзивецот на Еспањол откри што му кажал на Мбапе по – крвничкиот старт (ВИДЕО)
Левиот бек на каталонскиот клуб се најде во центарот на вниманието и поради инцидентот во 61. минута, кога со крвнички старт го собори Килијан Мбапе. Иако многумина очекуваа негово исклучување, судијата реши да го поштеди.
„Знаев дека е невозможно да го стигнам и да го сопрам кога е залетан, па се обидов да го запрам на било каков начин. Ќе бидам искрен, стартот беше малку грд и затоа му се извинив уште на теренот. Работата остана на тоа, немаше ништо повеќе од тоа“, изјави Ромеро по натпреварот.
Тој ја потенцираше важноста на победата и поддршката од навивачите.
„Ваква победа знае да даде живот. Имавме добри натпревари во последно време, но конечно добивме награда. Овие три бода можат да бидат круцијални за нас, ќе биде тешко некој да освои бодови кај нас дома“, додаде дефанзивецот на Еспањол.
Видеото од крвничкиот старт можете да го поглднете ТУКА.