НБА ѕвездите шокирани од веста дека Далас го „избркал“ Лука Дончиќ!
Низа НБА ѕвезди, меѓу кои Џоел Ембид, Дирк Новицки и Тајрис Халибартон, експресно реагираа на социјалните мрежи, изразувајќи изненадување и недоверба кон договорот кој го промени текот на сезоната. Според ЕСПН, како дел од размената, Далас Маверикс го испраќаат Дончиќ заедно со Макси Клебер и Маркиф Морис во Лејкерс, додека за возврат добиваат Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година.
Овој потег носи огромни промени за двата тима. Лејкерс добиваат една од најголемите ѕвезди во НБА, а Далас прави драстична реконструкција на екипата околу Дејвис, кој со години важи за еден од најдоминантните центри во лигата.
Веста брзо се прошири низ спортските кругови, а многумина ја доведоа во прашање нејзината автентичност, мислејќи дека станува збор за шега или хакерски напад. Сепак, трејдот е реалност, а неговите последици ќе го обликуваат НБА светот во наредните сезони.