НБА ѕвезда направи хаос – се фаќаше за меѓуножјето и се тепаше со публиката (ВИДЕО)

Поранешната голема НБА ѕвезда, Демаркус Казинс, повторно е во центарот на вниманието, овој пат поради инцидент што се случи на натпревар од порториканската кошаркарска лига.

Тој, настапувајќи за екипата Метс де Гвајнабо, влезе во конфликт со навивач, што доведе до хаос на трибините и негово исклучување од играта. Ситуацијата ескалираше кога еден навивач од првиот ред почна да го провоцира Казинс со навредливи гестови, по што кошаркарот реагираше со вулгарен потег, фаќајќи се за меѓуножјето и подигајќи рака кон навивачот. Судиската одлука да го исклучат дополнително го испровоцира, по што продолжи со вербални расправии.

Незадоволството од страна на домашната публика кулминираше кога при излегувањето од салата, Казинс беше полиен со голема количина течност. Во обид да одговори физички, беше навремено спречен од обезбедувањето.

Поранешниот репрезентативец на САД мина 12 сезони во НБА, најмногу со Сакраменто Кингс. Во Порторико има солидни бројки со просек од 19 поени, 9,2 скока и 4,7 асистенции по натпревар.