
Најголемата мистерија на НБА драфтот – „кинескиот Јокиќ“! (ВИДЕО)
Станува збор за кинески центар кој беше избран за најдобар дефанзивец во првенството на Кина, а во изминатата сезона имаше просек од 16.6 поени, 10.5 скокови, три асистенции и 2.6 блокади по натпревар.
Висок е 218 сантиметри и според предиспозициите со 20 години може да се носи со центрите во НБА лигата. Дел од американските медиуми веќе и му го дадоа прекарот „кинескиот Јокиќ“.
Портланд го трејдуваше, го сакааа, но ризикуваа бидејќи не очекуваа да биде избран како 16. пик. Во предвидувањата се очекуваше Хансен да биде избран околу 40-тата позиција.