„Можам да играм уште 5 до 7 години, ама нема“
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс ја игра 22. сезона во НБА, а досега собори низа рекорди кои тешко дека некогаш ќе бидат достигнати. Играше за Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс, освои четири шампионски титули, а дури и на почетокот од петтата деценија од животот не планира да застане. Во изјава по повод неговиот 40. роденден рече дека е подготвен уште долго да игра, но најверојатно нема да го направи тоа.
„Да бидам искрен, можеби ќе звучи чудно, но ако сакам можам да играм уште 5-7 години на високо ниво. Нема да го направам тоа“, порача, меѓу другото, Леброн.
Освен тоа, тој додаде дека во моментот кога ќе одлучи да се пензионира, тоа ќе биде дефинитивен крај за него и дека нема повеќе да се враќа на паркетот.