Морис цел месец паузира по дивјачкиот удар од Јокиќ (ВИДЕО)

Пред еден месец се случи големиот инцидент меѓу Никола Јокиќ и Маркиф Морис за време на натпреварот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит.

Јокиќ дивјачки го турна Морис, по што двајцата беа исклучени од натпреварот, а интересно е тоа што кошаркарот на Мајами уште не оздраве по инцидентот.

Иако многумина сметаа дека Морис глумел по ударот од Јокиќ, сепак очигледно не било така, па тој ќе го пропушти и 16. натпревар по ред од инцидентот, а засега не е познато ниту кога ќе се врати на паркетот.