Мајкл Џордан - прв спортист на листата на 400 најбогати Американци

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Мајкл Џордан повторно ја смени историјата откако стана првиот спортист (сегашен или поранешен) кој се нашол на листата на 400 најбогати Американци, според Форбс

Неговото богатство се проценува на три милијарди долари што е значајно зголемување во однос на оние две милијарди колку што имаше во јуни годинава. Сето тоа се должи на продажбата на своите акции во Шарлот Хорнетс што беше одобрено од НБА во август годинава.

Мајкл Џордан, Леброн Џејмс и Тајгер Вудс се единствените тројца американски спортисти во историјата кои станале милијардери. Поранешната суперѕвезда на Чикаго Булс се уште поседува малцински удел во Хорнетс, а вклучен е во уште неколку бизниси: продажба на автомобили, инвестиции, ресторани и има свој текила бренд.