Мајами со луда блокада до историски камбек и прва победа во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Мајами хит продолжуваат со извонредните партии во плејофот во НБА-лигата, откако по едно продолжение и неверојатен пресврт го совладаа тимот на Бостон селтикс (117-114) во првиот меч од финалето во Источната конференција.

„Жешките“ од Флорида се вратија по негатива од дури 14 поени во последната четвртина, во која „келтите“ промашија тројка за победа на десет секунди до крајот (106-106). Во дополнителните пет минути, пак, Бостон повторно имаше последен напад, но овој пат при водство на ривалот со 116-114. Тејтум силно влезе кон кошот на Мајами во обид да забие и кога сите веќе ја видоа топката во кошот, се појави Бам Адебајо, за победничка блокада.

Драгиќ со 29 поени беше најдобар во победничкиот тим, а одлични беа и Краудер со 22 поени, Џими Батлер со 20 и Адебајо со 18 поени. Тејтум, пак, беше најефикасен кај Бостон со 30 поени.