Лука Дончиќ фантастичен, ама соиграчите му се – дунстери (ВИДЕО)

Екипата на Далас маверикс загуби во ноќешната пресметка против Мајами хит (110-125) и покрај маестралната партија на Лука Дончиќ, кој одигра дури и подобро од вообичаено, но не успеа да му донесе триумф на својот тим, пред сѐ поради фактот што немаше поддршка од соиграчите.

Словенецот средбата ја заврши со 33 поени, пет асистенции и три скока, додека единствени кои беа приближно на неговото ниво беа само Џејлен Брансон со 25 и Тим Хардавеј со 17 поени. „Жешките“, пак, првпат во историјата дојдоа до победа на ваков начин, откако дури четворица кошаркари имаа најмалку 22 поени. Тајлер Хиро средбата ја заврши со 25 поени, Џими Батлер со 23, додека Бем Адебајо и Кајл Лаури постигнаа по 22 поени за петти по ред триумф на Мајами.

Хит сега е лидер во Источната конференција од САД со скор 6-1, додека Далас е четвртопласиран со учинок 4-3.