Леброн проби нова граница – 43.000 поени во НБА

Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс од синоќа има 43.008 поени откако постигна 20 во дуелот против Бостон.

Оваа бројка се однесува само на основниот дел од сезоната во најсилната лига во светот, додека заедно со плејофот, неодамна ја мина и границата од 50 илјади. Откако изби на првото место на вечната листа на стрелци, тој направи разлика од околу 5.000 поени во однос на второпласираниот Карим Абдул Џабар.

До новиот подвиг, Лрбеон стигна на мечот против Бостон пред чиј почеток беше промовирана статуа во чест на некогашниот играч и тренер на Лејкерс, Пет Рајли. Сепак, сето ова не беше доволно тимот од Лос Анџелес да слави и загуби од Бостон со 89-111.