Цехте брзо ќе се врати во Македонија, но овојпат во Скопје!?

Словенечкиот репрезентативец, Нејц Цехте кој неодамна го напушти Пелистер, би можел повторно да се врати во Македонија, за него сериозен интерес има од Алкалоид.

Специјализираниот ракометен медиум од Словенија, „Хендбалија“ пишува дека Нејц Цехте по крајот на оваа сезона би можел повторно да игра во нашата земја, овојпат би го носел синиот дрес на Алкалоид.

Наводно веќе се почнати преговори меѓу Цехте и Алкалоид кој сака да додаде квалитет и искуство во тимот, па Словенецот го гледа како идеално засилување за следната сезона.

33-годишниот десен бек од 2023 година го носеше дресот на Пелистер од каде во финишот од минатата година се пресели во Бундеслигата, во тимот на Фуксе Берлин.

Покрај Пелистер и Фуксе Берлин, Цехте во кариерата настапуваше и за Кршко, Горење, Хановер и ГОГ.