Рома ги искористи киксовите на Милан, Јуве и Наполи - важна победа на волчицата! (ВИДЕО)

Рома најмногу профитираше во 26. коло кога е во прашање трката за местата кои водат во Лигата на шампионите откако тие славеа со 3-0 против Кремонезе, а ривалите загубија.

Италија се чини дека веќе го доби шампионот, тешко е за верување дека Интер може да испушти предност од 10 бодови на 12 кола до крајот, па неизвесна останува битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.

Ова коло Милан загуби дома од Парма, Наполи беше поразен на гостински терен кај Аталанта, а Комо го преслуша Јувентус. Сето тоа им одеше во прилог на фудбалерите на Рома кои го победија Кремонезе со 3-0 и се зацврстија на четвртата позиција.

Кремонезе се држеше до 59. минута кога Кристанте погоди по центаршут од Корнер за водство од 1-0.

Потоа беше полесно за Рома, голови дадоа и Ндика и Писили за конечни 3-0.