Баскет Кам по четврти пат го освои Купот на Македонија!
За кошаркарките на Баскет Кам ова беше шесто последователно финале во македонскиот куп и четврти трофеј, Крива Паланка е дебитант во финалињата, се покажаа во одлично издание и покрај поразот, особено во второто полувреме.
Тимот од Македонска Каменица одлично го почна мечот, ја доби првата четвртина со 17-7, а до полувремето го зголеми водството до 42-27 и со убедлива предност заминаа на одморот.
Во второто полувреме Крива Паланка намали од негативата, но тоа беше задоцнет финиш за нив, предноста остварена во првиот дел беше голема и Баскет Кам го доби мечот со 74-68.
Кметовска со 24 поени беше најдобар стрелец, Димова и Поп-Димитриовска постигнаа по 16. Во составот на Крива Паланка убедливо најефикасна беше Робинсон со 30 поени.