Нов ужас за Милан на Сан Сиро - пораз од Парма! (ВИДЕО)
По денешниот кикс на Милан, Интер веќе има 10 бодови предност и трката за Скудетото е речиси завршена.
Денеска долго време резултатот беше 0-0, Милан се мачеше да даде гол, но наместо тие, погодок постигна противникот.
Клучниот момент се случи во 80. минута кога Троило постигна гол за водство на Парма од 1-0, што беше и конечен резултат.