Арачиновци прават проблеми и кога нема публика: Преспа реагира на сериозни нарушувања!
Шкендија Араичново го доби мечот со 4-1, но беше неизвесно, три од четирите гола беа постигнати во финишот. Во Преспа сметаат дека можеби и немаше да биде овој резултат доколку домаќинот се однесувал спортски и според правилата на фудбалската игра.
Арачиновци се казнети и играат без публика, но повторно гостите се на мака кога играат против овој тим.
„Почитувани
ФК ПРЕСПА – секогаш и секаде игра спортски и фер, сите утакмици одиграни на домашен терен беа фер и коректни без никаков проблем.
Меѓу другите и со вчерашниот противник кој од Ресен си замина со победа од 0:3.
Сосема заслужено.Меѓутоа она што се случуваше вчера во последните 10 минути при резултат 1:1 е тема за анализа на луѓето од федерација.
Не сакаме да помислиме што би се десило ако резултатот останеше таков до крајот.Крајно сме разочарани, посебно од тренерот на домашната екипа ЉУПЧО МАРКОВСКИ – КАЛЦ кој пет пати влезе на терен без никаква санкција од официјалните лица.
Наш играч паднат на терен, наместо спортски да ја исфрлат топката во аут, тој ги советува да продолжат да играат.Во последните минути од утакмицата на клупата на домаќините од никаде се појавија многу лица кои немаа никакви обележја на себе, а за четвртиот судија важно било што гостите немале исти такви.
И на крај, како може во пропозициите за настапите на екипите во 2МФЛ да постои член каде точно е наведено од каде и како треба да се снимаат утакмиците.
Како се дозволува да се снимаат од земја?
Како да процениме неколку спорни ситуации со тој начин на снимање.ФК ПРЕСПА ќе продолжи спортски да се бори до крај.
Сме постоеле и ќе постоиме уште толку, 107 год традиција, верност и љубов кон клубот ќе продолжат.Спортски поздрав
ЕДЕН КЛУБ, ЕДНА ЉУБОВ
ФК ПРЕСПА“, се вели во соопштението.