Димитриевски и Валенсија водеа, но со пораз се враќаат од гостувањето кај Виљареал! (ВИДЕО)
Жолтата подморница игра одлично оваа сезона, по 25 одиграни кола во Ла Лига е на третото место на табелата, пред нив се само Барса и Реал, па влегоа како голем фаворит на денешниот дуел со Валенсија.
Но, Валенсија беше таа која прва се израдува на гол, Рамазани во 27. минута погоди од пенал за предност на гостите од 1-0.
Кратко траеше предноста на Валенсија, само четири минути подоцна Димитриевски прими гол. Македонецот беше изненаден од реакцијата на свој соиграч, па се фрли во празно, а Комесана погоди во пражната мрежа за израмнување на 1-1.
Во судиското продолжение од првото полувреме со помош на ВАР беше досуден пенал за Виљареал. Геј беше сигурен од белата точка за комплетен пресврт и водство на домаќините од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат.