Ѕвезда на Милан мора на операција по судирот со голманот на Парма (ВИДЕО)

Англискиот фудбалер Рубен Лофтус-Чик се повреди во дуелот меѓу Милан и Парма (0-1), откако се судри со голманот Едоардо Корви.

Ѕвездата на Милан се здоби со фрактура на алвеоларната коска, која ги формира и поддржува „лежиштата“ на забите и им дава стабилност.

Поради тоа што повредата е навистина сериозна, Англичанецот го чека пауза од неколку месеци, што значи дека најверојатно за него е завршена оваа сезона.

Фото: EPA