Мбапе „врза“ два меча без гол, Шпанците веднаш кренаа паника: Нешто се случува со него
Неговата улога ја презеде Винисиус кој погоди на двата меча, ама мадридските медиуми ведна кренаа паника во врска со состојбата во која се наоѓа францускиот напаѓач. Французинот има девет гола на исто толку натпревари од почетокот на 2026 година, а освен на последните два меча, не успеа да погоди само уште против Барселона во финалето од Суперкупот, но тогаш на теренот помина едвај 15 минути. И покрај тоа, главните шпански медиуми тврдат дека Мбапе не е „свој“ и дека очигледно има некој проблем кој го оневозможува да игра на највисоко ниво.
Како причина за тоа, ја потенцираат повредата на коленото која го мачеше Мбапе пред крајот на 2025 година и поради која не играше во полуфиналето од Суперкупот против Атлетико, а со Барса влезе во последната четвртина од мечот.
Таа повреда беше причина што Мбапе не играше ни против Сосиедад минатата недела, а нема да биде изненадување ако пропушти уште некој од дуелите со „послаби“ противници, како оној со Гетафе претстојниот викенд. За Реал е добро тоа што Винисиус полека се враќа во форма и почна да погодува во серија бидејќи тоа би отворило простор Мбапе да одмори на некој натпревар.