Америка во солзи: Почина двојна ВНБА шампионска – причината за смртта е непозната!

Кошаркарскиот свет е во шок по веста за смртта на поранешната кошаркарка, Кара Брекстон, двократна шампионка во ВНБА, која почина на 43-годишна возраст, а причината за смртта засега официјално не е потврдена.

Дел од американските медиуми објавија дека таа наводно загинала во сообраќајна несреќа во Атланта, но ниту нејзиното семејство, ниту поранешните клубови сè уште не излегоа со официјално соопштение во врска со околностите на трагедијата. Брекстон двапати ја освои шампионската титула во ВНБА со екипата на Детроит Шок, во 2006 и 2008 година, а еднаш настапи и на Ол-стар натпреварот на лигата. Од ВНБА се огласија со кратко соопштение во кое изразија сочувство до нејзините најблиски.

„Со голема тага ја примивме веста за смртта на двојната шампионка Кара Брекстон. Нашите мисли се со нејзиното семејство, пријателите и поранешните соиграчки во овие тешки моменти“, се наведува во реакцијата на ВНБА.

Во текот на десетгодишната професионална кариера во ВНБА, Брекстон бележеше просек од 7,6 поени и 4,7 скока по натпревар, оставајќи препознатлив белег во историјата на женската кошарка.