Алкараз ја зголемува предноста пред Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја зголеми за уште 300 бода предноста во однос на Јаник Синер, на чело на АТП листата.

Тој триумфираше на турнирот во Доха и освои нови 400 бода, додека неговиот најголем ривал испадна во четвртфиналето и пропушти шанса да му се доближи. Разликата меѓу нив двајца сега изнесува 3.150 бода со тоа што до мај, Синер не брани ништо и има шанса до „Ролан Гарос“ да ја вжешти борбата за лидерската позиција.

Оваа недела во топ-10 има само една промена и тоа на седмата и осмата позиција. Тејлор Фриц скокна за едно место, за сметка на Феликс Оже Алијасим кој падна за исто толку позиции.