Леброн Џејмс е МВП на сезоната, ама во – најбизарна можна категорија (ВИДЕО)

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, доби уште едно индивидуално признание, но овој пат од ептен бизарен карактер – беше прогласен за „МВП“ во хумористичната рубрика „Shaqtin' A Fool“.

Наградата се доделува за најсмешни и најкомични моменти на теренот, а според легендарниот Шекил О’Нил, кој ја води оваа рубрика, токму 40-годишниот Џејмс имал најмногу такви моменти оваа сезона. Изборот беше направен по гласање на навивачите. Леброн и покрај возраста одигра 70 натпревари во регуларниот дел од сезоната, каде бележеше просек од 24,4 поени, 8,2 асистенции, 7,8 скокови и 1 украдена топка по меч. Лејкерси беа елиминирани во првото коло од плејофот, откако загубија во серијата од првата рунда против Минесота тимбервулвс (1-4).

Пред Џејмс сега е важна одлука за иднината. Тој има уште една година од договорот со Лејкерс, вредна 52,6 милиони долари, но станува збор за „опција на играчот“– односно самиот ќе одлучи дали ќе ја активира или ќе стане слободен агент со можност да ја промени средината.