Евертон со триумф против Саутемптон се збогува со „Гудисон парк“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Евертон триумфираа со 2-0 против Саутемптон во 37. коло од Премиерлигата на нивниот последен натпревар на „Гудисон парк“, затоа што од следната сезона ќе играат на друг стадион.

Головите за победа на Евертон денеска ги постигна Илијан Ндиаје во шестата и 47. минута со што им донесе нова радост на навивачите на клубот.

„Карамелите“ по 133 години и 2789 одиграни натпревари го напуштаат легендарниот стадион, а во тој период запишаа 1538 победи, 660 ремија и 591 пораз.

Евертон од следната сезона ќе ги игра домашните средби на „Хил Диксон“ стадионот.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Everton Football Club