Три милиони е разликата меѓу Де Брујне и Наполи - детали од преговорите!

Кевин Де Брујне и Наполи влегоа во преговори, но постои разлика меѓу двете страни за висината на примањата кои треба да ги добие белгискиот фудбалер.

Де Брујне наскоро ќе има нов клуб, а еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис е Наполи.

Наполитанците му нудат годишна плата од седум милиони евра, но наводно Де Брујне бара 10 милиони евра.

Во текот на наредната недела ќе има нови преговори меѓу двете страни на кои ќе треба да се пеглаат разликите. За да се случи договор веројатно ќе биде потребен компромис и од двете страни.

Де Брујне пред да ја донесе конечната одлука ќе разговара и со тренерот, Антонио Конте да слушне какви се неговите планови.

Тој е веќе во контакт со неговиот сонародник Ромелу Лукаку кого го распрашува не само за Наполи, туку и општо за Серија А.

Во изборот на следната дестинација за Де Брујне клучен фактор ќе биде и мислењето на неговото семејство.